Кинеското лудило стигна и до капитенот на Хрватска

Модриќ има понуда да стане вториот најплатен фудбалер во светот?!

Медиумите од Хрватска пред неколку дена објавија дека селекторот Златко Далиќ добил примамлива понуда од Далечниот Исток, а сега отркиваат дека Кинезите тропнале и на вратата на Лука Модриќ.

Лука Модриќ има понуда да стане вториот најплатен фудбалер на светот. Медиумите од Хрватска пренесуваат дека капитенот на „Коцкестите“ од Кина добил предлог според кој ќе заработува 40 милиони евра по сезона.

Со вакви бројки, поголема плата од плејмејкерот на Реал Мадрид ќе има само Лео Меси, Аргентинецот од Барселона секоја година добива околу 50 милиони евра.

Останува да се види дали ќе се реализира еден ваков трансфер и дали лудата сума ќе биде попрималива од тоа да се носи престижниот дрес на „Кралевите“.

Ваквите вести пристигнуваат само неколку дена по најавите дека селекторот на „Ватрените“, Златко Далиќ добил примамлив предлог од Далечниот Исток, односно 15 милиони долари за три години од неименуван клуб од Кина.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе