СП 2018

Модриќ ги поздрави Англичаните: Само дополнително не мотивиравте со глупостите кои ги кажувавте

Лука Модриќ ги нападна медиумите и стручните коментатори од „Островото" за начинот на кој го најавувале дуелот помеѓу Англија и Хрватска, вели дека тие дополнително биле мотивирани откако прочитале што се пишувало.

Голем дел од медиумите од Англија најавуваа лесна победа на „Трите Лава“, кој на крајот не ја оправдаа фаворитската улога. Хрватска направи голем пресврт и се избори за историско финале.

„Луѓето зборуваа.. новинарите од Англија и стручните коментатори ја потценија Хрватска и тоа беше голема грешка. Само дополнително не мотивираа со глупостите кои ги кажаа. Читавме што пишуваа и си велевме, „ОК, ќе им покажеме кој е уморен“. Треба да бидат поскромни и да покажат поголема почит кон противниците“ - вели Лука Модриќ. 

„Одигравме фантастично по примениот гол. Ги надигравме иако тие нешто велеа дека ние сме уморни а тие физички се поспремни, но не го покажаа тоа на теренот. Штета што повторно моравме да играме продолженија, но фала Богу што немаше пенали. Покажавме карактер. Три пати се враќавме од резултатски минус и верувавме дека и овој пат ќе биде така“.

„Неверојатно е ова што го постигнавме, ни се оствари сонот по долги години напорна работа и многу битки. Сите сме горди, испишавме историја за Хрватска. Доколку славиме над Франција ќе ја обојам косата, а тоа ќе го стори и целата репрезентација. Среќни сме за целиот наш народ, цела Хрватска е на улица, никој не спие, нацијата го заслужува ова“. 

Со одличните игри во Русија, Лука Модриќ се промовира во кандидат за „Златната топка“.

„Не ме интересира „Златната топка“, навистина, мислам само на финалето и како да го подигнам пехарот заедно со соиграчите“.

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе

На Грците не им е важно дали вечно ќе ја нарекуваат соседната земја „Скопје“, или дали соседите утре сами ќе почнат да се нарекуваат „Република на Осамениот Бор“. Она што ним навистина им е важно е како ја нарекува остатокот од светот.

повеќе