Хрватот изрази желба неговиот убав гест да стане традиција

Модриќ: Чест ми беше да му ја предадам „Златната топка“ на Меси, го заслужи трофејот!

Лука Модриќ имаше убав гест откако се појави на церемонијата во Париз за да му ја предаде „Златната топка" на Лео Меси, вели дека ваквата практика е убава и треба да стане традиција.

Лео Меси вечерва по шест пат ја подигна „Златната топка“, Аргентинецот до признанието од Франс Фудбал стигна пред Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо. Трофејот на бината му го предаде Лука Модриќ, кој минатата сезона се закити со оваа престижна индивидуална награда.

Хрватот, кој не беше номиниран, се појави на церемонијата само за да го испочитува Аргентинецот и вели дека оваа пратика треба да се применува и во иднина.

„Горд сум што бев дел од оваа церемонија, ми беше чест да му ја дадам наградата на Меси, ја заслужува. Мислам дека одлична практика е тоа што освојувачот од минатата година му го предава трофејот на новиот освојувач, со ова се покажува почит и коегзистенција. Ние сме ривали, но не сме непријатели. Во фудбалот работите често се доведуваат на граница на екстремност и оваа иницијатива може да помогне да се подобрат работите. Ваква практика веќе има во другите спортови и ми се чини дека е добро да се спроведува и во фудбалот“ – вели фудбалерот на Реал Мадрид.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе