Премиерлига

Многу шанси, ниту еден гол, Евертон и Ливерпул одиграа реми

Немаше голови на Мерсисајд дербито меѓу Евертон и Ливерпул, иако мережите мируваа, мечот беше исклучително возбудлив и полн со шанси. 

Ливерпул загуби уште два бода, а Евертон ќе почека на својата прва победа оваа сезона.
 
Мерсисајд дербито изобилуваше со шанси, Ливерпул дури трипати ја погоди конструкцијата од голот на Евертон, домаќините тоа го направија еднаш. 
 
Пикфорд, особено во второто полувреме правеше чуда на голот, одбрани повеќе шутеви на Ливерпул, а неколку фатени топки имаше и Алисон на спротивната страна.

Евертон постигна еден гол, но погодокот на Коуди беше поништен поради офсајд со помош на ВАР.

Со оглед на бројот на шансите Ливерпул може да жали што не ги освои сите три бода, но многу лесно можеше да се случи и победа на Евертон.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе