Ла Лига

Многу контроверзии и три гола од пенал, Валенсија го фрли Реал на колена (ВИДЕО)

Реал Мадрид неочекувано загуби на гостувањето кај Валенсија, „кралевите" поведоа на Местаља но потоа примија четири гола, од кои три беа од белата точка.

Избраниците на Зинедин Зидан пропуштија да наредат три победи и во добрa атмосфера да ја дочекаат паузата за репрезентативен фудбал. Вечерва, Реал Мадрид неочекувано загуби на гостувањето кај Валенсија со 4-1.

Карим Бензема прекрасно биеше од работ на шеснаесетникот за 0-1 во 23. минута, но домаќините до крајот на полувремето го свртеа резултатот во своја корист.

По половина час игра, популарните лилјаци добија пенал, Куртоа одбрани но Муса ја смести топката во мрежата. ВАР сепак нареди најстрогата казна одново да се изведе откако Муса и еден гостински играч прерано влегоа во шеснаесетникот, а при вториот обид, Солер изедначи на 1-1.

Во 43. минута, Варан реагираше неспретно и си ја затресе сопствената мрежа за водство на Валенсија од 2-1. ВАР проверуваше и при овој гол, се гледаше еден старт на Черишев врз Асенсио, но резултатот не беше променет.

По десетина минути игра во второто полувреме нова спорна ситуација по која Валенсија доби нов пенал за прекршок од Марсело врз Макси Гомез, а Солер го совлда Куртоа за 3-1.

Младиот Шпанец доби шанса за хет-трик кога Рамос играше со рака во шеснаесетникот во 63. минута. Солер остана смирен и по трет пат ја затресе мрежата на гостите за 4-1.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе