Го одигра последниот меч во дресот на „џалоросите“

Емоции на Олимпико, Де Роси се збогува, дури и Буфон стана да го поздрави детето на Рома (ФОТО+ВИДЕО)

Уште едно дете на Рома кажа збогум, Даниеле Де Роси вечерва се опрости од персоналот, играчите и фановите па имаше многу емоции на полниот Олимпико.

Даниеле Де Роси го одигра последниот натпревар во дресот на „волчицата“. Фудбалерот од средниот ред се опрости од Рома пред полн Олимпико.

Фановите имаа подготвено специјална кореографија за капитенот, насекаде имаше транспаренти за Италијанецот кој 18 години беше дел од клубот и забележа 616 натпревари.

Кога во 81. минута од мечот Даниеле Де Роси беше повлечен од игра, доби стоечки овации, а дури и легендарниот Џиџи Буфон, кој беше на трибините, стана да го поздрави својот поранешен соиграч од репрезентацијата.

По крајот на натпреварот, целиот персонал на Рома и играчите се наредија на теренот за да се поздрават со Де Роси, емоциите кулминираа па падна и по некоја солза.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе