Очајно посакувал да му се стави на располагање на Јирген Клоп

Младинец на Ливерпул намерно повредил соиграч за да дебитира во првиот тим, кармата веднаш го стигнала

Том Бруит открива дека во сезоната 2015/16 намерно го повредил соиграчот Ден Клири за шанса кај Јирген Клоп во првиот тим, но веднаш го стигнала кармата и останал без дебито за кое сонувал

Том Бруит, кој е роден во Ливерпул, помина 10 години во клубот и беше капитен на развојниот тим, за подкастот „Фудбалски патувања“ раскажа како пред пет години намерно повредил соиграч за да дебитира кај Јирген Клоп во првиот тим.

Во сезоната 2015/16, „црвените“ имале неколку повреди во одбраната и Германецот не можел да смета на Момаду Сако, Коло Туре и Мартин Шкртел. Па за мечот против Ексетер Сити во ФА Купот, на помош требал да дојде некој од младинците.

„На крајот од декември, знаевме дека еден од мене и Ден Клири ќе дебитира за првиот тим на Ливерпул“ – вели Том Бруит.

„Јас и Ден добро се сложувавме, но тука заврши нашиот однос. Јас донесов одлука, или тој или јас, па не се штедев на тренинзите. Пред Божиќ, и во периодот помеѓу Божиќ и Нова година, постојано бев до него на тренинг мечевите и го клоцав. Не се обидував да му нанесам тешка повреда, сакав само да биде во аут доволно долго за јас да можам да дебитирам за првиот тим“.

„На една недела пред мечот против Ексетер Сити, намерно малку задоцнив со стартот и го „искинав“. Тоа беше лош старт, знаев дека беше лош старт, го сторив тоа со намера и воопшто не сум горд. Но ниту се срамам, или тој ќе дибитираше, или јас ќе дебитирав... одбрав јас да дебитирам“.

„Беше на патерици две недели па мисијата беше остварена“.

Том Бруит, кој во 2017 го напушти Ливерпул и сега е без клуб откако Морекомб му даде исписница по крајот на сезоната 2019-20, сепак не дебитирал против Ексетер Сити, веднаш го стигнала кармата.

„Кармата сепак ме стигна една недела подоцна. Игравме против Морекомб на четири дена пред дуелот со Ексетер. Знаев дека ако се помине без проблеми, ќе настапам против Ексетер“.

„По половина час игра, скокнав по една нафрлена топка и се судрив со соиграч. Веднаш ми потече окото, медицинскиот тим влезе, ми укажа помош и продолжив да играм. Но на паузата, докторот ме праша колку е резултат а јас немав поим. Не знаев ниту каде сум. Претпоставувам дека погрешно сум одговорил на сите прашања, а очајно сакав да продолжам“.

„Морав да одмарам 10 дена како дел од протоколот за потрес на мозокот“.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе