СП 2018

Митровиќ разочаран: Не знам што се случи, напаѓавме како муви без глави, примивме голови како мали деца

Александар Митровиќ не го криеше разочарувањето по поразот од Швајцарија, напаѓачот имаше големи замерки за тоа како одигра Србија во второто полувреме

Србија рано стигна до водство токму со голот на Митровиќ и на пауза замина со резултат кој и носеше осминафинале. Сепак, Швајцарија во вториот дел направи комплетен пресврт. Најпрво Џака погоди од далечина за 1-1, а во последните мигови по една контра Шакири изби сам и донесе победа од 1-2.

„Примивме голови како мали деца, многу глупаво, многу ефтино. Премногу сме разочарани. Наместо да ја браниме предноста, ние тргнавме напред. Не знам што се случи. Не може да напаѓаме како муви без глави. Одигравме глупаво, навистина глупаво“ – изјави по крајот на мечот Александар Митровиќ.

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе