Лига на нации

Митровиќ е херојот на Србија во првата победа над Црна Гора

Со два гола на Александар Митровиќ, Србија ја победи Црна Гора на нејзин терен во првиот меѓусебен дуел на овие два селекции кој се играше во рамките од Лигата на нации.

Во третото коло од Лига Ц во Лигата на Нации, се сретнаа Црна Гора и Србија, ова беше првиот меѓусебен фудбалски дуел меѓу двата соседи.
 
Србите ја оправдаа фаворитската улога и со два гола на Александар Митровиќ, по еден во двете полувремиња ја совладаа Црна Гора.
 
Во истата група се одигра и дуелот меѓу Литванија и Романија кој го добија гостите со 2-1. Романците водеа од првиот дел, домаќините успеаа да изедначат во 90. минута, но во судиското продолжение гостите дојдоа до победата.
 
Во Лига Ц се играше и дуелот меѓу Израел и Шкотска кој го добија домаќините со 2-1 со пресврт во второто полувреме.
 
Во највисокиот ранг, во Лига А, Португалија со 3-2 славеше на гостувањето кај Полска. 
 
Во Лига Д, Косово со 3-1 ја победи Малта, Азербејџан со 3-0 славеше на гостувањето кај Фарски Острови.
 

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе