ЕП 2022

Миркуловски ќе ги игра баражите, а потоа ќе стави крај на кариерата

По поразот од Данска, Филип Миркуловски потврди дека за него оваа е последна сезона во кариерата, ќе настапи за Македонија и на баражите и ќе се збогува со ракометот. 

Македонија со три порази од три меча го заврши настапот на Европското првенство. За Миркуловски ова беше последно големо натпреварување.
 
Тој ќе игра на баражите за пласман на СП кои се играат во март и април, но тоа ќе му бидат последни настапи за репрезентацијата. Ќе стави крај на кариерата, а потоа ќе се посвети на тренерската работа.
 
„Ако здравјето ме послужи дефинитивно за баражите ќе бидам присутен, но дефинитивно ова е моја последна сезона како клупска, така и репрезентативна, потоа ќе се посветам на тренерската работа. Останувам во Вецлар како помошник“, вели Миркуловски.
 
„Сите ние имавме големи очекувања сѐ додека не се случија тие повреди и ковид-проблемите. Сѐ почна со повредата на Дејан Манасков, па Никола Митревски, за на крај и Кире Лазаров ден пред стартот на ЕП да се повреди, па проблемите со ковид-19 со Никола Митревски, Столе Стоилов... Ќе беше поинаку да бевме сите на број, но ете не бевме кадарни сега да освоиме бодови, а и ја видовме Црна Гора колку е силна, после денешната победа со Словенија за пласман во втората ваза. Вечерва сакавме да покажеме убава игра, за наша душа, ама ете загубивме со 10 разлика. Сепак Данска е врвна екипа, иако одмараше и дел од играчите. Тие се број еден фаворити на ова ЕП и ние загубивме од најдобриот тим“.
 

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе