Миовски: Знам дека во Абердин ќе напредувам

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски вели дека не се мислел многу кога Абердин тропнале на неговата врата, веднаш го прифатил трансферот бидејќи знае дека во тој тим ќе може да напредува. 

Абердин го купи Миовски за 624.000 евра од МТК и го претстави како сериозно засилување, па од нашиот фудбалер ќе се очекуваат голови во шкотското првенство.
 
„Секако дека сакам да бидам прв напаѓач на Абердин, но најважно е клубот да ги оствари своите цели, а тоа е топ три во Шкотска. Јас сакам со многу голови да му помогнам на тимот да ја оствари целта“, вели Миовски.
 
„Возбуден сум, ќе дадам се од себе да ги оствариме целите. Знам дека ова е клуб со голема историја и ова е голем чекор во мојата кариера. Веќе се запознав со соиграчите, тие се фантастични момци“.
 
„Бев многу среќен кога Абердин покажа интерес за мене, веднаш ја одбрав таа опција бидејќи знам дека тука ќе можам да напредувам. За млад фудбалер ова е прерфектна средина. Не го следев шкотскиот фудбал, но знам дека е тежок на физички план, се игра со високо темпо и затоа мислам дека ќе напредувам“.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе