НБА

Милвоки првпат по 47 години ќе игра во големото НБА финале (ВИДЕО)

Милвоки синоќа со 118-107 победи на гостувањето кај Атланта, ја доби серијата со 4-2, го освои истокот и обезбеди место во големото НБА финале каде ќе игра против Феникс. 

Речиси по половина век, Милвоки Бакс ќе игра во големото НБА финале откако ја совлада Атланта,  овој пат без Адетокумбо кој од клупата го бодреше тимот.
 
Во составот на Атланта се врати Тре Јанг, но не успеа да му помогне на тимот да се избори за мајсторка.
 
Мечот беше изедначен до третата четвртина која Милвоки ја доби со 44-29, направи голема разлика, тешко достижна за домаќините, на крајот победи со 118:107.
 
Мидлтон со 32 поени беше најефикасен кај Милвоки, Холидеј постигна 27. Во составот на Атланта, Редиш постигна 21, Богдановиќ 20, Јанг само 14.
 
 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе