Поранешните играчи на Интер, се уште комуницираат со Португалецот

Милито: Во групната порака му ги честитаме сите победи на Мурињо

Диего Милито вели дека и покрај тоа што тој е фан на Интер, смета дека Рома е идеален клуб за Жозе Мурињо и открива дека се уште комуницираат во групен чет со Португалецот.

Диего Милито беше еден од фудбалерите кои со Жозе Мурињо ја освои тројната круна со Интер.

Познато е дека фудбалерите на Интер од таа сезона имаат групна порака во која е и Жозе Мурињо. 

„Би сакал да го видам повторно во Интер, но Рома е идеално место за него и неговиот тим сега станува се послен и посилен. Мурињо е посебен, единствен. Веќе можете да видите како реагираат фановите на Рома“, вели Милито.

„Точно е дека таа групна порака (од освојувачите на тројната круна) се уште постои и таму комуницираме. После секоја победа на Мурињо му честитаме“.

„Во Рома гледам одличен тим и мислам дека можат да се борат за Скудето, но има повеќе конкуренти. Секако дека Интер е еден од нив“.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе