Човекот кој сака да го купи Марсеј има големи сонови

Милионите ги спојуваат Зидан и Роналдо?!

Зинедин Зидан и Кристијано Роналдо би можеле одново да соработуваат доколку се оствари сонот на Мохамед Ајаши Ажруди, кој сака да го купи Марсеј.

Бизнисменот од Тунис кој има и француско државјанство, Мохамед Ајаши Ажруди сака да стане нов сопственик на Марсеј. Тој има големи планови и сонува да го донезе Зинедин Зидан на клупата, како и Кристијано Роналдо во нападот. 

„Го обожавам фудбалот. Ми се допаѓа германската дисциплина, особено таа на Баерн Минхен. Исто така го ценам стилот на игра на Барселона. Кристијано Роналдо пак е фудбалерот кој никогаш нема да заборавам. Сакам почит и дисциплина, a тој е олицетворение на ова. Дали сонувам за негово пристигнување во Марсеј? Се е возможно во животот. Соништата ме движат напред“ – вели Мохамед Ајаши Ажруди. 

„Тренерот кој сега е на клупата (Андре Виљаш Боаш) е навистина добар, но дали има нешто подобро од тоа да го вратиме локалниот херој“. 

Запрашан дали мисли на Зинедин Зидан, тој со насмевка на лицето одговорил: „Иднината ќе ни каже“.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе