Полјакот во мислите има друг клуб

Милик на добар пат да стане новиот предавник на Наполи

Медиумите од Италија продолжуваат да пишуваат за трансфер на Аркадиуш Милик во Јувентус, се верува дека Полјакот начелно се има договорено со „старата дама" и останува уште шампионот на Италија да пронајде заеднички јазик со Наполи за висината на обесштетувањето.

Аркадиуш Милик ја одработува последната година од договорот, не може да пронајде согласност со Наполи за продолжување на соработката и неговите денови на Сан Паоло се одбројани.

На дуелот со Интер, јасно беше дека неговите мисли се на друго место, примедби доби и од тренерот Џенаро Гатузо.

„Не ми се допадна како одигра, очекувам многу повеќе од него“ – истакна популарниот Рино.

Според Скај Италија, Аркадиуш Милик начелно се има договорено со Јувентус и постигната е основа за условите под кои Полјакот ќе го облече дресот на „старата дама“.

Сега останува двата клуба да пронајдат согласност за висината на обесштетувањето. Се говори дека Наполи бара 50 милиони евра, пари кои Јувентус нема намера да ги одвои. Шампионот на Италија се надева дека ќе може да вметне некој играч, во последно време се споменува името на Федерико Бернардески, за да ја намали сумата која треба да се плати.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе