Квалификации за СП 2022

Милевски: Загубивме поради индивидуални грешки

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски е задоволен од изданието во првото полувреме, причината за поразот од Германија ја гледа во индивидуалните грешки на фудбалерите. 

Македонија не упеа да направи ново изненадување против Германија, загубивме со 4-0 иако во првиот дел немаше погодоци. Ова беше и прв пораз како селектор на Благоја Милевски.
 
„Германија заслужено победи. Задоволен сум од првото полувреме, од играта, пред се од поставеноста, од транзициите кои за жал не ги искористивме на најдобар начин. Во второто полувреме головите ги примивме по наши четири индивидуални грешки. Тоа нема врска ниту со поставеноста, ниту со тактиката. По првиот гол паднавме и физички, тоа можеби е и до недоволната подготвеност на дел од фудбалерите. Индивидуалните грешки се составен дел од играта. Треба да го заборавиме второто полувреме и да продолжиме понатаму. Имаме уште два меча до крајот на квалификациите“, вели Милевски по мечот.
 

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе