Официјални состави

Милевски со неколку промени во составот за мечот со Германија

Селекторот Благоја Милевски направи неколку измени во стартниот состав на Македонија за вечерашниот натпревар против Германија. 

Во составот очекувано се враќа Муслиу кој беше суспендиран за мечот со Лихтенштајн, од суспензија се врати и Костадинов, и тој е во почетниот тим. Николов е стартер, а во нападот е Едис Јаховиќ, Милан Ристовси не е во комбинација поради суспензија.
 
На голот ќе биде Димитриевски, бекови се Ристовски и Алиоски, централни дефанзивци Муслиу и Велковски. Во средниот ред Адеми, Николов и Костадинов, најистурен е Јаховиќ, а странично ќе напаѓаат Чурлинов и Елмас.
 
Во составот на Германија голман е Нојер, во одбраната се Раум, Керер, Шиле и Колстермран. Во средниот ред Кимих и Горецка, пред нив е Милер, странично се Хаверц и Гнабри, а прв шпиц е Вернер.
 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе