МАКЕДОНИЈА У21

Милевски со две генерации ги почна подготовките

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја Милевски со две генерации ги почна подготовките за престојните пријателски натпревари.

Новата генерација на фудбалери до 21 година која ќе ги игра следните квалификации, на 24. март од 14 часот ќе игра пријателски натпревар против Црна Гора на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
 
Додека генерацијата која ќе настапи на Европското првенство во Полска во јуни ќе игра пријателски меч со Бугарија на 28. март, исто така на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
 
„Во текот на вчерашниот ден го одработивме првиот тренинг, Енур Тотре се жалеше на мала повреда по првенствениот натпревар со Брегалница, но се надевам дека ќе биде во ред и ќе конкурира за настап против Црна Гора. Доцна синоќа пристигнаа Алекса Амановиќ и Алекс Симовски, а тоа значи дека во полн состав ќе тренираме денеска. Повторно нагласувам дека ова е последна проверка за новите фудбалери во тимот, или оние кои не беа во можност да бидат дел од селективните кампови, да го потврдат својот квалитет и на сите да ни потврдат дека имаат потенцијал за место во репрезентацијата во идниот квалификациски циклус, изјави селекторот Благоја Милевски. 

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе