Квалификации за СП 2022

Милевски: Секогаш кога ќе излеземе на терен мора да веруваме во победа, така ќе биде и против Германија

Македонскиот селектор, Благоја Милевски вели дека нашата репрезентација на секој меч треба да влегува со верба дека може да победи, без разлика на противникот, така ќе биде и утре против Германија. 

По убедливата победа над Лихтенштајн, Македонија утре има нов предизвик, на Арената „Тодор Проески“ ја пречекуваме Германија. Европскиот гигант кој го шокиравме во Дуизбург.
 
„Мора да бидеме на едно врвно ниво во тактичката дисциплина, да бидеме прецизни во изведбата на тактиката и инивидуално и поединечно. Го почитуваме противничкиот тим, тоа е силен состав, сите знаеме која е Германија, но за утрешниот резултлат ќе се прашува и Македонија. Треба да веруваме во себе, секогаш кога ќе излеземе на теренот“, вели селекторот Благоја Милевски.
 
„Ние не би биле спортисти ако не би верувале дека можеме да победиме. Како ќе излезеш на теренот ако не мислиш дека можеш да направиш добар резултат?“.
 
„Сегашниот начин на кој игра Германија е многу поразлчен од тој со претходниот селектор. Тие се играчите, но со сосема различни задолженија. Сега како ќе одиграат утре, тоа низ анализите можеме да го претпоставиме, но не е гаранција дека така ќе игрраат и со нас. Не очекува меч во кој треба да го дадеме максимумот и да уживаме во натпреварот, за да постигнеме резултат треба да бидеме на највисоко ниво. Сите селекции па дури и Германија имаат слаби страни, наше е да ги искористиме“.
 
За разлика од мечот во Дуизбург, во селекцијата на Македонија ќе ги нема Горан Пандев кој се пензионираше од националаниот тим и Енис Барди кој е повреден.
 
„Отсуството и на Горан Пандев и на Барди се чувствува. Ајде Горан веќе не настапува во репрезентацијата, тоа е негова одлука, но неспорно е дека неговата улога во македонскиот фудбал е огромна. Во моментов сме без Барди и тоа е удар за нас, но сите што ќе ја добијат минутажата ќе го дадат максимумот. Утре не очекува поразличен меч од тој во Дуизбруг и мора бидеме макимално концетнрирани во текот на целот натпревар“.
 
Милевски уште еднаш потенцираше дека главната цел е воигрување за следните квалификации.
 
„Ние имаме јасна цел и визија. Сме во една фаза на создавање на нов лик и нова физиономија на репрезентацијата со крајна цел на создавање на тим кој ќе биде конкурентен за квалификациите за ЕП, дотогаш секој меч ќе ни служи за да ги реализираме новите идеи и замили. Ги гледам играчите дека новиот стил им годи и тоа ми радува. Имаме склоп на младост и искутво и тоа ни треба за да ги оствариме зацртанте цели“.
 
„Имаме шест млади играчи од У21, се наметнуваат со својот квалитет, потенцијал и нивно е да се покажат. Задоволен сум од нивните залагања и од она што го одиграа тие кои добија шанса да дебитираат. Но и тоа како треба да работат за да се наметнат. Задоволен сум и приодот и треба само така да продолжиме“.
 

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе