Бугарија - Македонија

Милевски: Политичките случувања никогаш не ни биле мотив

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски очекува тежок меч против Бугарија и вели дека фудбалерите не ги интересира политиката, а тие секогаш се мотивирани кога ќе го облечат македонскиоит дрес. 

Утре од 18 часот во Разград, Македонија ја пречекува Бугарија во меч од Лигата на нации. Овој дуел за јавноста има посебно значење поради политичкиот момент меѓу двете земји. Но селекторите на двете земји се дистанцираа од политиката.
 
„Ние сме спортски работници и никакви провокации, ниту политика нѐ не интересираат. Концентрирани сме само на спортскиот дел, не се оптоваруваме со политика, ниту некогаш политички случувања ни биле неопходни како мотив. Фудбалерите сами по себе секогаш се мотивирани кога го носат македонскиот дрес. Македонија и македонскиот дрес секогаш се мотивација. Единствено размислувам во контекст на спортот и фудбалот и само тоа ме интересира. Така да не очекувам провокации и се надевам дека сѐ ќе биде фер-плеј“, рече Милевски.
 
„Бугарија има квалитетен тим кој не е спорен и знам дека нѐ очекува тежок меч. Се надевам дека и вие и ние ќе одиграме квалитетно, а секој меч е приказна за себе и за секој меч има посебен план. Дали планот ќе се исполни се прашува и противникот, а како сѐ ќе се одвива ќе видиме утре. Фаворит пред почеток на меч не постои, фаворит се наметнува на самиот терен. Групата е израмнета, така да не може да се каже кој е фаворит. Најважно е да се даде максимумот на овие мечеви, а јас сум горд кога момците даваат максимум на терен. Спремни сме за уште едно успешно докажување, сега во Лигата на нации“.
 
Во отсуство на Ристовски, капитен на македонската репрезентација е Енис Барди.
 
„Чест и задоволство е довербата да бидам капитен, да јас ќе ја носам, ама јас постојано потенцирам дека сите во тимот сме капитени и еднакво придонесуваме за успесите на оваа решрезентација. Последен пат кога бев капитен во Ерменија победивме со 5-0 и дадов хет-трик, па сега видете...“, вели Барди.
 
„Имаме искуство, знаеме да играме и кога противникот е фаворит, сега сме спремни да играме паметно и кога ние сме фаворити, но да не се залетуваме. Имаме победнички менталитет, но овие мечеви се потешки од претходните во баражот. Важно е добро да стартуваме и мислам дека псигхички и физички сме подготвени за предизвикот“.
 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе