Лига на нации

Милевски: Овие фудбалери покажаа пристап за секоја пофалба

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски уште еднаш изрази жалење за поразот од Грузија, но има само пофалби за играчите кои беа дел од Македонија во изминатите денови. 

По поразот од Грузија, Македонија денеска со убедлива победа над Гибралтар од 4-0 ги заврши овие јунски натпревари од Лигата на нации.
 
„Жалам и јас и фудбалерите што загубивме еден таков меч со Грузија, зашто ги одигравме тие 50-60 минути, можеби според мене и најдобрите, но загубивме како што загубивме. Не знаев дека Бугарија ремизирала со Грузија за да нѐ врати во игра, но одиме понатаму, ќе видиме што ќе се случува во септември“, вели селекторот Милевски. 
 
„Јас на овие момци можам само да им се заблагодарам, покажаа пристап кој е за секоја пофалба, зашто за овој тим нема разлика со кој игра и кон сите има максимален респект, ама на терен нема кон никој. И им честитам за пристапот и желбата за успех. Им благодарам на сите кои беа дел од овој камп што одвоија 17 дена од одморот кој им припаѓа за да се стават во функција на репрезентацијата и им благодарам за сѐ што покажаа“.
 
„Сите што беа дел од овој камп покажаа дека имаат потенцијал и квалитет да бидат конкурентни, а сега од нив зависи колку ќе се наметнат во своите клубови за да бидат дел од овој тим. Мене сите ме направија задоволен од пристапот и од односот кон дресот“,

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе