Утре со почеток од 17 часот Македонија гостува кај Емренија во квалификациски натпревар за Светското првенство. Дуелот во Скопје не беше многу возбудлив, заврши без голови. Милевски очекува утрешната приказна да биде поинаква бидејќи и двете селекции ќе бркаат победа.
„Двете репрезентнации имаат шанси за вторро место, сега очекувам сосема поинаков меч од оној во Скопје, отвоврен од двете страни бидејќи и на двете селекции ни треба победа“, вели селекторот Благоја Милевски.
„Секако дека проблем е што имаме отсутни фудбалери, но верувам дека оние кои се тука ќе го дадат максиумот. Отсуствата се проблем за да ги реализираме замислите на терен, но оние кои ќе добијат шанса ќе дадат се од себе“.
„Играчите и на двете селекции меѓу себе добро се познаваат. Моменталната инспрација и мотивација кај двете екипи е на завидно ниво, мислам дека поголемата концентрација на самиот натпревар ќе го одлучи победникот“.