Лига на нации

Милевски: Не сум задоволен од формата на фудбалерите

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски вели дека не е задоволен од формата на голем дел од фудбалерите кои ги повика, но верува дека ќе оствариме добри резултати против Грузија и Бугарија. 

Пред македонската репрезентација се два меча од Лигата на нации, против Грузија (Тбилиси, 23. септември) и Бугарија (Скопје, 26. септември).
 
Селекторот Благоја Милевски денеска го објави списокот на фудбалери за овие два дуели.
 
„Не случајно на списокот се наоѓаат 27 фудбалери. Имаме многу проблеми и непланирани работи што се однесува до здравствената состојба и формата на неколкумина фудалери. Не сум задоволен од тоа и од таа причина се повикани толку фудбалери. Исто така, дел од играчите немаат клубови, неколкумина што се вели, пред некој ден најдоа клуб, а за формата да не говорам. Сите мора да ја подогнат формата во која се наоѓаат. Ние дојдовме на едно ниво што можеби е изненадувачки високо не само за нашата јавност, туку и пошироко и на сите сега ни е обврска да останеме на ова ниво, со тенденција да бидеме подобри“, вели Милевски.
 
„Овие момци веќе редовно не изненадуваат, посебно кога тимот се соочува со проблеми. Момците секогаш покажуваат дека се во состојба да се стават во функција на тимот. Тие проблеми ни даваат дополнителен мотив и додека постојат шанси ќе дадеме се од себе да се бориме за највисок пласман. Овие мечеви во Лига на нации ги користиме за дооформување на ликот на тимот за тоа како треба да изгледа во иднина“.
 
„Во оснос на здравствениот билтен, имаме проблеми со Дарко Чурлинов, треба да оди на дополнителни прегледи и потоа ќе ја знаеме состојбата, но јас се надевам дека ништо не е сериозно. Што се однесува до Илија Несторовски, тој е играч кој има многу дадено за Македонија и моментно не заслужува да го повикам само за да игра пет-десет или 15 минути. Несторовски кога ќе биде повикан планирам да го користам со максимална минутажа, а во моментов Милан Ристовски и Бојан Миовски се во предност зашто се во подобра форма“. 
 

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе