Квалификации за СП 2022

Милевски: Не се плашам да правам промени во репрезентацијата

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски верува дека промените кои се случуваат во селекцијата ќе се одразат позитивно на резултатите во квалификациите. 

Неколку фудбалери ја завршија репрезентативната кариера, а селекторот Милевски внесува и свои идеи. Како ќе функционира Македонија под негово водство ќе видиме на престојните натпревар со Ерменија, Исланд и Романија.
 
„Започнуваме нов репрезентативен предизвик и се радувам на собирот и деновите кои ни следуваат. Подготовките се кратки и мора да ги искористиме максимално. Ја знаеме нашата цел, знаеме со што располагаме и одиме да го потврдиме квалитетот”, вели Милевски.
 
„Некои промени се неизбежни, но не стравувам. Напротив, јас стојам зад репрезентацијата и фудбалерите и имам мотив и енергија да работиме квалитетно, максимално професионални и да бидеме конкурентни”. 
 
„Јас сум селектор и притисокот е врз мене. Фудбалерите мора да продолжат да веруваат во себе и во својот квалитет. Нашата заедничка цел е борба до крај во тековните квалификации, создавање група во која тимот, а не индивидуалци ќе биде најбитен и крајно да направиме се за да бидеме конкурентни за настап на следното Европско првенство”. 
 
„Резултатот е секогаш важен. Затоа во пресрет на подготовките за натпреварот со Ерменија велам дека сакаме победа бидејќи тој резултат ќе ни донесе дополнителна самодоверба”. 
 
„Сите го сакаме најдоброто и ќе се обидеме така и да изгледаме да натпреварите кои ни следуваат. Го познавам тимот, знам дека имаме амбициозни и талентирани фудбалери, но и играчи со квалитет и искуство кои сеуште се гладни за нов, голем резултат. Освен тоа, имаме неколкумина репрезентативци кои влегуваат во најдобрите фудбалски години од своите кариери, а нивниот пристап ми говори дека македонската репрезентација ќе биде во одлични раце по повлекувањето на неколкумина фудбалери”.
 
„Го сакаме предизвикот и сакаме да покажеме дека заслужуваме да бидеме меѓу најдобрите. Се надевам дека сите ќе бидеме здрави и подготвени за тоа”.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе