Квалификации за СП 2022

Милевски му се заблагодари и на Игор Ангеловски за успехот во квалификациите

Благоја Милевски ги продолжи квалификациите кои ги почна Игор Ангеловски и успеа да ја однесе Македонија во баражот за Светското првенство. 

На прес-конференцијата по мечот, селекторот Благоја Милевски му заблагодари и на неговиот претходни, Игор Ангеловски.
 
„Благодарност до сите, до претходникот кој го почна овој циклус, па до сите фудбалери кои беа дел од овие квалификации. Честитки до момците за сѐ што покажаа во овие мечеви во целиот циклус и тие покажаа и пружија многу повеќе од тоа јас што го очекував откако седнав на клупата, зашто немавме многу време за подготовки“, вели Милевски.
 
„За денешниот меч бевме подготвени на секое сценарио. Со исклучок на некои мали падови мислам дека одигравме одлично. Исланд е сериозна селекција и бевме свесни дека во текот на целиот меч треба да бидеме фокусирани. И кога го примивме голот не се сомневав дека ќе победиме. Работевме на тој психолошки план за да не ни се случи реприза од Рејкјавик, такви моменти веќе нема да ни се случуваат“.
 
„Се уште не сме стигнати до нивото кое го посакувам. Имаме потенцијал за уште повеќе од ова. Од меч во меч се гледа дека функционираме како тим. Оваа селекција нема еден лидер, туку има повеќе лидери и моја интенција е да се чувствуваат така на теренот, како лидери“.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе