Поразот од Австрија ја прели чашата

Милевски крена раце од оваа селекција, Македонија У21 од следната година ќе има нов изглед

Селекторот на репрезентацијата до 21 година е разочаран од своите фудбалери, за најголем дел од нив ова е последен натпревар, Благоја Милевски вети голем ремонт за следните натпревари.

Оваа селекција на Благоја Милевски не е ниту приближно блиску до таа која настапи на Европското првенство. Ако поразот од Гибралтар го вклучи алармот за промени, тие и дефинитивно ќе се случат по убедливиот пораз од Австрија.
 
„Поразот од Гибралтар беше опомена за некои репрезентативци, а поразот од Австрија значи дека од март следната година оваа репрезентација ќе има нов лик. Се вративме во ситуацијата која ја имавме пред четири години кога почнав да работам на оваа позиција. На половина да почнеме да создаваме селекција за нареден циклус“ - вели Благоја Милевски.
 
„Австрија беше подобра, честитки за нив. Три од головите беа по наша вина. Ние имавме неколку шанси, не ги искористивме. Дел од фудбалерите не можат да се носат со притисокот кој го наметна претходната генерација. Вината за поразите е моја, јас сум тој кој одлучува кои да играат, тој кој ги селектира фудбалерите“.

Храбрите лидери можат да успеат со порака за надеж, отвореност и инклузивност и со промовирање на визија за напредок заснована на веродостојни реформи.

повеќе

Кога панаѓурот ќе помине, и кога наредното утро ќе се погледнете во огледало – сите работи што ве прават незадоволни од самите себеси и понатаму ќе бидат видливи: и изгледот, и навиките, и карактерот... Само идентитетот ќе ви го нема.

повеќе

Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, доколку биде ратификуван, ќе влезе во аналите на историјата на дипломатијата.

повеќе