Македонските фудбалери во изминатиот период ни донесоа многу радости и покажаа дека оваа селекција има иднина. Загубивме од Португалија, но треба да бидеме горди на момците.
„Треба да сме горди на овие момци! Особено за периодот од септември до сега, затоа што во нив носат голем потенцијал и талент, на добар пат се да се доближат до најдобрите во Европа“, вели Милевски.
„Јас сум задоволен и горд на овие фудбалери, жалам што примивме голови кога доминиравме, но грешките се составен дел од играта, но и кога примивме голови не отстапивме од организираноста. Мислам дека бевме достоен ривал и само вакви мечеви како овој можат да ни помогнат да се доближиме до врвот. Ова е пораз кој ќе ни служи како мотивација“.
„Честитки за Португалија, знаев дека по мечот со Италија нема да можеме физички да се носиме со Португалците, па свесно сакавме да ги одалечиме од нашиот гол“.