Квалификации за СП 2022

Милевски го повика Тотре на местото на повредениот Ракип

Покрај Дориан Бабунски, дополнителен повик во репрезентацијата на Македонија доби и играчот на Тирана, Енур Тотре. 

Ердал Ракип и Адис Јаховиќ поради повреди го откажаа настапот на последните квалификациски мечеви за СП од овој циклус.
 
На нивно место селекторот ги повика Дориан Бабунски од Ботев Враца за кого ова ќе биде деби настап, како и Енур Тотре од Тирана.
 
Денеска во 12:00 часот во хотел „Хилтон“, националниот тим го има првиот собир. Првиот тренинг е денеска од 17:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“. 
 
Македонија на 11. ноември гостува кај Ерменија, а на 14. ноември го пречекува Исланд.

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе