Нема повик за Несторовски

Милевски го објави списокот за баражот со Италија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски објави список со 27 фудбалери кои ќе бидат во конкуренција за настап на бараж дуелот за пласман на Светското првенство против Италија во Палермо. 

На списокот е Аријан Адеми чиј настап е неизвесен поради повреда, тој се уште нема настап за Динамо Загреб откако се повреди. Потврден е и повикот на браќата Бабунски, во составот се враќа и голманот Кристијан Наумовски.
 
На списокот го нема напаѓачот на Удинезе, Илија Несторовски кој нема минути во неговиот тим.
 
Од оние кои се на листата, Елиф Елмас и Тихомир Костадинов се суспендирани за дуелот со Италија, тие ќе бидат во опција за вториот натпревар.
 
Македонија на 24 март го игра мечот против Италија во Палермо, а финалето се игра на 29. во Португалија или Турција.
 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе