Квалификации за ЕП 2021

Милевски: Честитки за фудбалерите, добро е што победуваме и кога имаме недостатоци во играта

Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски им честиташе на своите фудбалери за триумфот во Подгорица и посака тие да продолжат со ист пристап.

Македонија вечерва со 1-2 триумфираше на гостувањето кај Црна Гора и ја забележа втората победа во квалификациите за Европското првенство за играчи до 21 година.

„Црвено-жолтите“ се прикажаа во одлично светло, успеаја да се опорават од раното водство на противникот и веќе до полувреме да го свртат резултатот во своја корист.

Па Благоја Милевски е задоволен од пристапот и резултатот на денешниот натпревар.

„Честитки за фудбалерите. Посакувам само да продолжи да не краси овој пристап. Момците максимално сериозно влегоа во натпреварот и успеавме да ја оствариме целта. Треба да поправиме одредени работи во играта, тоа ќе го сториме на следните натпревари, но добро е што победуваме и кога имаме недостатоци. Овој меч веднаш го забораваме и се фокусираме на следниот меч против Казахстан на домашен терен“ – вели селекторот на младинската репрезентација на Македонија.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе