Лига на нации

Милевски: Бугарија има нов селектор и нови фудбалери, но ние се фокусираме на нашата игра

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација вели дека Бугарија има нов тим за разлика од оној во кој беше во Разград, но очекува добра игра на Македонија и победа. 

Утре со почеток од 20:45 часот, Македонија ја пречекува Бугарија во последниот меч од Лигата на нации за оваа сезона. За разлика од првиот дуел, Бугарите имаат нов селектор и нов состав.
 
„Промени во составот дали ќе има не би говорел. Очекувам како и на секој натпревар да се потрудиме да победиме. Што ќе донесе играта ќе видиме. Момците се спремни да покажат дека незаслужено загубивме во Тбилиси“, вели селекторот на Македонија, Благоја Милевски.
 
„Што се однесува до Бугарија, ја анализиравме, но со многу проблеми. Тие имаат нов селектор и многу нови играчи, а тоа е непознаница. Сепак, ние мора да се концентрираме на нашата игра. Со оглед на тоа што тројца од првиот меч се тука, а особено и младите играчи кои првпат се тука, поседуваат квалитет, јас гледам на тоа како противникот функционира како тим. Ни претставува мал проблем бидејќи немаме многу материјал за анализа, но коцентрацијата и фокусот на нашата работа не се сведува само на кратки патеки. Имаме стратегија, тоа е создавање на тим кој ќе биде конкурентен во наредните 4-5 години. Здравствениот билтен ќе биде појасен по денешниот тренинг кој претстои. Што се однесува до теренот, тој не е во многу добра состојба. На мое барање стадионот 30 дена не се користеше“.
 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе