Квалификации за СП 2022

Милевски: Адеми отпаѓа, Николов е неизвесен, Трајковски не игра во клубот, но ни фалат такви играчи

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за престојните натпревари на Македонија во квалификациите за СП, на него има и фудбалери кои не настапуваат за своите клубови. 

На списокот на Милевски се најдоа тројца дебитанти, Серафимов, Миовски и Тодоровски, во селекцијата се враќаат Јаховиќ, Ашковски, Ѓорѓев и Илиев. Не се повикани Бејтулаи, Стојановски, Хасани... а во составот се Зајков и Трајковски кои уште немале клупски натпревари оваа сезона.
 
Аријан Адеми поради повреда дефинитивно отпадна, а Бобан Николов е неизвесен бидејќи е позитивен на ковид-19,  ако добие негативен тест ќе се приклучи.
 
Селекторот Милевски го објасни списокот.
 
„Ги гледав сите натпревари на Шкендија и можам да кажам дека не сум задоволен од моменталната форма на Бејтулаи, сметам дека на таа позиција подобра опција во моментов се Стефан Ристовски и Тодор Тодоровски. Но тоа не значи дека се откажувам од Бејтулаи. Немам право од никој да се откажам, ако некои фудбалери не се на списокот сега, не значи дека нема да бидат на следниот список. Зависи од формата на фудбалерите и опциите кои ги имаме“, вели селекторот Милевски.
 
Алексанадр Трајковски не игра за Мајорка, тренерот на шпанскиот клуб му рече дека нема да смета на него и може да си бара нова средина. Ѓоко Зајков направи трансфер од Шарлоа во Левски и допрва треба да почне да игра.
 
„Се согласувам дека Трајковски и Зајков немаат натпревари, јас сум рекол и ќе речам дека ќе повикувам само играчи кои имаат сериозна минутажа. Но овој пат ситуацијата е различна. Во случајот со Трајковски проблем е што немаме многу опции за крилните позиции, зборував со него, рече дека е максимално подготвен, му фалат мечеви, но знам каков професионалец е и знам дека ќе даде се од себе. Што се однесува до Зајков, тој ги помина подготовките со Шарлоа, направи трансфер во Левски и очекувам викендов да го има првиот натпревар“.
 
Адеми веќе еден месец е во аут пороади повреда, тој наскоро ќе се врати на теренот, но селекторот Милевски во консултација со Динамо Загреб решиле да ги прескокне овие мечеви на Македонија и периодот да го искористи за рехабилитација.
 
„Разговарав со Адами и со Динамо Загреб, заклучивме дека е најдобро за неговото здравје да ги пропушти овие натпревари. На Адеми нема да сметаме за овие натпревари, нема да ризикуваме, поважно ни е тој да биде здрав и да ги искористи деновите за што подобро да закрепне од повредата“.
 
Ситуацијата со Бобан Николов е неизвесна, тој е позитивен на ковид-19, но ако навреме добие негативен тест ќе се приклучи на репрезентацијата.
 
„Николов минатата недела доби позитивен тест, ако неговиот нов тест биде негативен ќе ни се приклучи“, изјви Милевски.
 
Македонија ја очекуваат три квалификациски натпревари за СП, на 2. септември играме дома против Ерменија, па на 5. септември гостуваме кај Исланд, а циклусот го завршуваме со меч против Романија на 8 септември. 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе