Лига на шампиони

Милер: Против Барселона ќе покажеме кој ја заслужува Златната топка!

Фактот што Златната топка ја доби Меси, а не Левандовски, дополнително го мотивира германскиот клуб да одигра моќен меч против Барселона.

Во последните години Баерн Минхен стана кошмарен за Барселона, а овие два тима нова средба имаат веќе во среда.

Баерн Минхен веќе го освои првото место, а Барселона веројатно ќе мора да победи за да оди во нокаут фазата. Триумф нема да им треба само во случај Бенфика да не го совлада Динамо Киев.

Навидум, Баерн Минхен може да извади и послаб тим, но случувањата со Златната топка влијаат мотивирачки на Баварците, па ако се случа Милер, тие со полна сила ќе влезат против Барса.

„Од Баварска, полска и германска гледна точка, церемонијата за доделување на Златната топка дефинитивно беше разочарувачка. Иако веќе некое време оваа награда е бизнис, па исходот не ме изненадува, ме натера да мислам дека иако ние во Бундеслигата имаме одлични фудбалери, можеби повеќе ни треба меѓународна промоција, интернационален успех“, вели Милер.

„Тоа е огромна мотивација за мене, да дадеме се од себе, да ја вратиме титулата од Лигата на шампионите во Минхен, и да му покажеме на светот кој е кој. Пред се, што може да понуди германскиот фудбал“.

„Следната можност да го направиме тоа е следната среда во мечот од Лигата на шампионите против Барселона. Па ајде да го направиме“.

Изјавата во која Милер се остри за мечот со Барселона, дефинитивно не е добра вест за каталонците. Наместо лабав Баерн Минхен, тие ќе наидат на посебно мотивиран противник.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе