Баерн Минхен

Милер по дебаклот од Менхенгладбах: Никогаш не сум дожвеал нешто вакво!

Искусниот Томас Милер е во неверување по поразот на Баерн Минхен на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах.

Баерн Минхен синоќа со 5-0 загуби на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах и доживеа елиминација од Купот на Германија.

Баварците играа со најсилниот состав, но им се случи невиден дебакл. Обично тие знаат да победуваат со таков резултат, овојпат се најдоа од другата страна, ја почувствуваа горчината на убедлив пораз.

„Можеме само да им се извиниме на фановите и да се извиниме на Гладбах. Со исклучок на Нојер, сите одигравме катастрофално“, вели Милер.

„Никогаш претходно не сум искусил нешто вакво. Тешко ми е да ја свртам главата. Но ова треба да го оставиме зад нас, бдејќи веќе во сабота имаме нов натпревар“.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе