Баерн Минхен

Милер не мрда од Баерн Минхен, го продолжи договорот до 2024 година

Крај на сите дилеми околу иднината на Томас Милер, тој стави потпис на договор со Баерн Минхен до јуни 2024 година. 

32-годишниот офанзивен фудбалер на Баерн Минхен останува во клубот откако потпиша продолжување на соработката за уште две години.
 
„Рекордниот шампион останува со рекордните шампиони, Баерн Минхен и Томас Милер се договорија за продолжување на договорот до 2024 година“, стои во соопштението на клубот.
 
Милер во Баерн Минхен е уште од 10 годишна возраст. Професионалец стана во 2008 година. Со Баерн Минхен има освоено 11 шампионски титули во Бундеслигата, ниту еден германски фудбалер не станал повеќе пати шампион од него.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе