Серија А

Милан триумфираше кај Сампдорија и испиша нова историја (ВИДЕО)

Милан останува на +5 на врвот на табелата откако со 1-2 триумфираше на гостувањето кај Сампдорија, избраниците на Стефанои Пиоли со овој резултат испишаа нова историја.

„Росонерите“ со цел плен се враќаат од гостувањето кај Сампдорија, по голема борба, Милан славеше со 1-2.

Резултатот беше отворен кон финишот на првиот дел, имаше играње со рака во шеснаесетникот на Сампдорија, беше досуден пенал, а Кеси од белата точка погоди за 0-1.

Домаќините се обидоа да се вратат во игра во продолжението од мечот, а Милан откако одлеа на нападите, нововлезениот Кастиљехо со својот прв допир донесе 0-2 во 77. минута.

Сампдарија сепак не се предаде и преку Екдал намали на 1-2 по еден корнер во 82. минута.

Во последните секунди од мечот, Екдал имаше шанса за 2-2 и бод, но неговиот удар со глава заврши крај голот, па гостите се радуваа на нови три бода и нова историја.

Милан за прв пат во својата историја а на 30 натпревари во низа во Серија А постигнува гол.

Денешниот триумф значеше осма победа по 10 кола, подобар старт од овој „росонерите“ имале само во сезоната 1954/55 кога победиле на девет натпревари.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе