Само оваа година ќе бидат во минус над 100 милиони

Милан со загуба од 413 милиони евра во последните пет години

„Росонерите" се во дебел минус, од 2014 па до сега, клубот од Сан Сиро забележал загуба од дури 413 милиони евра.

Кога Силвио Берлускони го продаде Милан на Кинезите, се очекуваше да влезе свеж капитал на Сан Сиро и клубот повторно да им се врати на шампионските денови.

И покрај тоа што постоеше сомнеж за вистинското богатство на Ли Јонгхонг и неговите партнери, „росонерите“ летото во 2017 одвоија преку 200 милиони евра на засилувања.

Сепак, кратко потоа секнаа парите, Ли Јонгхонг немаше средства да го исплати заемот кон Елиот, па фондот ја превзеде сопственоста над Милан. Тие сега навестуваат нов проект со кој ќе го вратат клубот на славните патеки, но за ова ќе им треба години и ништо нема да се случи преку ноќ.

Во иднина нема да се купуваат големи фудбалски имиња, и Кориере дело Спорт сега вели дека ваквиот пристап е поради алармантната финансиски состојба. Весникот пишува дека „росонерите“ финансиската година заклучно со 30. јуни ќе ја завршат со загуба од над 100 милиони евра.

Доколку во предвид се земат бројките од последните пет години, клубот е „во црвено“ дури 413 милиони евра. Со оглед на тоа дека не е обезбеден настап во Лигата на шампионите, лесно може да се случи веќе следната година минусот да биде половина милјарда евра.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе