„Росонерите“ оддадоа почит на легендата на Лејкерси

Милан со спектакуларна кореографија во чест на Коби Брајант: Легендите живеат вечно (ВИДЕО)

„Росонерите" вечерва му оддадоа почит на трагично починатиот Коби Брајант и неговата ќерка Џиана Мариа, имаше кореографија пред почетокот на натпреварот со Торино во Купот на Италија а потоа и громогласен аплауз во 24. минута.

Коби Брајант беше голем навивач на Милан, па вечерва „росонерите“ имаа спектакуларна кореографија во чест на миленикот на ЛА Лејкерс.

Пред почетокот на дуелот со Торино, на семафорот се вртеа фотографии од Коби и неговата ќерка Џиџи, на рекламните паноа пишуваше „Легендите живеат вечно“ и „Коби засекогаш“ а на разгласот беше пуштен хитот на бендот Квин „Кој сака да живее вечно“.

 Фановите на трибините направија ѕвездено небо, а потоа го поздравија Коби уште еднаш со громогласен аплауз во 24. минута.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе