Милан

Милан се одлучи за Пиоли, уште еден просечен тренер ќе ги спасува „росонерите“

Милан денеска треба да се сретне со Стефано Пиоли и се прогнозира дека двете страни ќе се договорат за соработка, тој треба да биде наследникот на Џампаоло. 

Откако не успеа да го донесе Лучијано Спалети, Милан ќе се договори со Стефано Пиоли, пишуваат италијанските медиуми.
 
Привичните разговори меѓу Милан и Пиоли се позитивни, денеска тој треба да пристигне во клубот каде што ќе се разговара за сите детали. Ако се биде како што треба, тој ќе биде новиот тренер.
 
Пиоли во Серија А ги водеше Киево, Болоња, Лацио, Интер и Фиорентина. Важи за солиден тренер, но не за стратег кој може да му донесе успех на овој Милан. Пример во Интер не успеа да се задржи ниту една година, го водеше тимот 27 мечеви по што доби отказ.
 
Стефано Пиоли ќе биде осмиот тренер на Милан од 2014 година кога го отпуштија Макс Алегри. 
 
Кларенс Сидорф, Филипо Инзаги, Синиша Михајловиќ, Кристијан Броки, Винченцо Монтела, Џенаро Гатузо и Марко Џампаоло не успеаа да го вратат Милан меѓу најдобрите во Серија А, останува да видиме дали ќе успее Стефано Пиоли.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе