Четири различни години на раѓање

Милан сака да купи дефанзивец од Порто за кој никој не знае колку години има

Милан е во потрага на нов дефанзивец по повредата на Симон Кјаер, последното има на листата со желби е Шансел Мбемба од Порто, кој има 27 години според документите, но има многу сомнежи за точната бројка.

Шансел Мбемба од Порто е новото име во тефтерите на Паоло Малдини и неговите соработници, кои со месеци бараат нов дефанзивец откако Симон Кјаер заработи сериозна повреда и тешко дека ќе заигра повторно оваа сезона.

Фудбалерот од Конго подолго време е на радарот на големите клубови од Европа, но има многу сомнежи за неговата возраст.

Според документите, Шансел Мбемба има 27 години, но во 2015, кога тој направи трансфер од Андерлехт во Њукасл, пристигна жалба до ФИФА.

Според фудбалската лиценца во Конго, Шансел Мбемба е роден на 8. август, 1988 година, но кога е направен трансферот во Андерлехт, годината на раѓање е промената во 1994, а денот и месецот остануваат исти.

Исто така постои официјален документ според кој дефанзивецот учествувал во Афикански куп на нации за младинци како играч роден во 1991 година.

Медиумите од Португалија сега пренесуваат дека Шансел Мбемба на најблиските луѓе им се доверил дека е роден во 1990 година.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе