Милан

Милан сака да го ангажира Спалети, но за тоа се прашува и Интер

Според италијанските медиуми, Лучијано Спалети е во напредни преговори со Милан, тој треба да биде наследникот на Џампаоло, но има еден преоблем.

Според „Газета дело Спорт“ и „Кориере дело Спорт“, Милан притиска да го донесе Спалети како нов тренер.
 
Но покрај тоа што треба да ги договорат личните услови со тренерот, треба да го ослободат и од неговиот договор со Интер.
 
Спалети доби отказ од Интер по крајот на крајот на минатата сезона, но тој се уште има договор со нероазурите кој му истекува во 2021 година.
 
Стратегот е на платниот список на Интер од каде се уште добива плата, па ако Милан сака да го ангажира ќе треба да му плати обесштетување на соседот.
 
Се верува дека преговорите меѓу Милан и Спалети нема да бидат проблем, но останува да се види како росонерите ќе најдат заеднички јазик со Интер.
 
Се очекува дека веднаш штом ќе успеат да договорат ангажман на Спалети, Џампаоло ќе добие отказ.
 

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе