Сметаат дека го одат истиот пат

Милан сака да биде како Ливерпул

Шефот за приход на Милан, Каспер Стилсвиг вели дека тие разговарале со Ливерпул бидејќи го поминуваат истиот пат. 

Ливерпул минатата сезона ја освои Лигата на шампионите, а оваа триумфираше во Премиерлигата и стана шампион на Англија прв пат после 30 години.
 
Црвените иако се легендарен клуб, долг им беше патот до враќањето на врвот, Милан смета дека ја дели истата судбина со Ливерпул, па се консултираат со нив.
 
Во сезоната 2018-19 Ливерпул има направено три пати повеќе приход од Милан.
 
„Ние комуницираме со Ливерпул бидејќи тие беа на истиот пат на кој сега сме ние“, вели Каспер Стилсвиг за „Асошиејтед прес“.
 
„Работиме многу напорно за да се вратиме таму каде што треба да бидеме, и од таа перспектива вратите полесно се отвараат кога имате освоено седум титули во Лигата на шампионите“.
 
„Играњето во Европа е на врвот на агендата. Тоа е нашето природно место каде што треба да бидеме“.
 
„Пред четири, пет години никој не можеше да види дека Ливерпул ќе биде таму каде што е денес“.
 
„Тие играат многу атрактивен фудбал, победуваат, имаат фантастичен тренер, фантастичен тим, имаат и одличен комерцијален успех“.
 
„Потребно е време, но нивниот модел ми се чини дека работи. Тие очигледно се глобален бренд“.
 
„Можеби во изминатите години премногу зборуваме за италијанскиот пазар и моменти како со коронавирусот не притискаат да размислуваме повторно за глобалниот пазар“.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе