Во пресрет на денешниот меч од Лига Европа

Милан потврди, Ибрахимовиќ има коронавирус!

Милан потврди дека Златан Ибрахимовиќ има коронавирус, напаѓачот е во самоизолација во својот дом, нема други позитивни во таборот на росонерите. 

„Златан Ибрахимовиќ е тестиран позитивно на ковид-19 во втората рунда на тестови пред вечерашниот меч против Бодо/Глимт. Клубот ги информираше релевантните авторитети и фудбалерот веднаш е ставен во домашен карантин. Сите други членови на тимот и персоналот се негативни“, стои во соопштението на Милан.
 
Ибрахимовиќ имаше одличен старт на сезоната, со негови два гола Милан ја победи Болоња.
 
Покрај на денешниот меч, се очекува тој да ги пропушти и натпреварите против Кротоне и Специја, но ќе биде подготвен за големото дерби против Интер кое е на програмата на 17. октомври, веднаш по репрезентативната пауза.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе