Серија А

Милан остана без два бода во трката за ЛШ, Алвеш од слободен удар донесе реми за Парма (ВИДЕО)

Парма во финишот од мечот се избори за реми против Милан, Бруно Алвеш мајсторски погоди од слободен удар и донесе 1-1 во 87. минута од натпреварот.

На отварањето на 33. коло во Серија А, на „Енио Тардини“, Парма му откина два бода на Милан.

По едно мирно прво полувреме, Кастиљехо го отвори резултатот во 69. минута. Шпанецот, кој само 180 секунди претходно влезе во игра, реагираше одлично по еден остар центаршут на Сусо и со глава ја затресе мрежата на Парма.

Милан почна да калкулира по водството, како одминуваше времето гостите повеќе мислеа како да се одбранат, па Парма искористи една своја шанса да стигне до реми.

Борини направи прекршок на работ од шеснаесетникот, а дефанзивецот Бруно Алвеш мајсторски го префрли живиот ѕид и со прекрасен гол од слободен удар донесе 1-1.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе