Серија А

Милан од пенал до три важни бода и победа над Лацио (ВИДЕО)

Дербито на „Сан Сиро" му припадна на Милан, домаќините од пенал стигнаа до триумф од 1-0 над Лацио и три бода со кои се вратија во топ четири на табелата.

„Росонерите“ издвојуваа важна победа во битката за местата кои водат во Лигата на шампионите. Избраниците на Гатузо со 1-0 славеа против Лацио, еден од директните конкуренти за топ четири пласман.

Клучниот момент се случи во последните десетина минути од мечот, кога Дурмиши наивно го собори Мусакио во шеснаесетникот а Кеси погоди од белата точка.

Лацио до последниот момент се обидуваше да се избори за реми, но не го загрози посериозно голот на Рејна. Гостите бараа пенал во судиското надопонување за еден старт на Родригез врз Милинковиќ Савиќ но судијата Роки категорично одмавна а не се огласи ниту ВАР.

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе

Додека Бугарите се убедуваат себеси и нас дека Гоце Делчев бил Бугарин, да се потсетиме на некои од Гоцевите искажувања, кои ја одразуваат неговата големина и неговото визионерство.

повеќе