Лига Европа

Милан не дозволи бламажа против Дуделанж, го поправи впечатокот со пет гола (ВИДЕО)

Дуделанаж водеше на Сан Сиро против големиот Милан, но гостите не издржаа и на крајот доживеаја тежок пораз од 5-2, Арсенал не се исплаши од воедната состојба во Украина и лесно се справи со Ворскла.

Џенаро Гатузо како да нема доволно проблеми оваа сезона, па вечерва се најде во непријатна ситуација откако Дуделанж имаше водство на Сан Сиро. За негова среќа, Милан брзо реагираше и на крајот стигна до убедлива победа.

Кутроне го отвори резултатот во 21. минута, но малиот клуб од Луксембург со голот Штолц замина на пауза со позитивен резултат. На стартот од вториот дел гостите на големо изненадување поведоа, Турпел донесе 1-2.

Нивното водство траеше петнаесетина минути по што следуваше пресврт на Милан. Најпрво Стелвио си постигна автогол за 2-2, а Чалханоглу со прекрасен гол донесе 3-2. Гостите одново ја затресоа сопствената мрежа во 78. минута, овој пат Шнел неспретно реагираше. Конечниот резултат беше дело на Борини во 81. минута од мечот.

И покрај тоа што Бетис со 1-0 триумфираше против Олимпијакос, Милан се уште нема обезбедено пласман во нок-аут фазата и европска пролет ќе брка на гостувањето во Грција, каде не смее да загуби со два гола разлика.

Арсенал не се исплаши од воената состојба во Украина и без многу проблеми славеше против Ворскла. Смит Роу го отвори резулатот во 11. минута, потоа Рамзи погоди од пенал за пред крајот на првиот дел Вилок да ја потврди победата од 0-3.

Во дуелот на двете екипи спонзорирани од Ред Бул, Салцбург одново се покажа како подобар од Лајпциг. Овој пат мечот во Австрија заврши со минимални 1-0. Селтик исто така славеше со 0-1 на гостувањето кај Розенборг, па клубот од Германија ризикува да биде елиминиран.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе