Куп на Италија

Милан на пенали го доби Торино по втор пат во четири дена и се пласираше во четвртфинале (ВИДЕО)

Милан се пласираше во четвртфинале од Купот на Италија, избраниците на Пиоли вечерва на пенали го совладаа Торино.

Пред само неколку дена, Милан лесно славеше над Торино со 2-0 во Серија А, но „росонерите“ вечерва добро се помачија и ги добија „биковите“ дури на пенали.

Избраниците на Пиоли имаа шанси многу порано да го осигураат пласманот во четвртфинале, но немаа и среќа, Далот ја погоди рамката од голот, исто како и Калабрија. Потоа Брахим Диаз имаше голема шанса, но и тој промаши.

Откако мрежите мируваа и во додатниот половина час, пенал серијата го реши победникот. Tаму трагичар беше Ринкон, неговиот удар го одбрани Татарушану, играчите на Милан беа сигурни од белата точка па беше обезбедено оследна рунда во Купот на Италија.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе