Се зголемува интересот за македонскиот фудбалер

Милан му се приклучува на Спортинг Лисабон во трката по Трајковски

Милан се вклучува во трката по Александар Трајковски и може да му ги расипе сметките на Спортинг Лисабон кој исто така се интересираше за македонскиот фудбалер.

Италијанскиот новинар, Алфредо Педуло кој синоќа прв излезе со веста дека Спортинг Лисабон го сака Трајковски, сега пишува дека и Милан се вклучува во трката.

Александар Трајковски беше еден од најдобрите во изминатата сезона од Серија Б, па станува интересен за клубовите бидејќи ќе можат да го добијат и бесплатно поради актуелната ситуација на Палермо кој најверојатно ќе заврши во Серија Д.

Поради проблемите со финансискиот фер-плеј, Милан не може да се расфрла со пари за купување на нови фудбалери, а има место за играчи кои се надвор од Европската унија.

Во македонскиот фудбалер гледаат играч кој бесплатно би можел да ја зголеми конкуренцијата во тимот. 

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе