Многу лоша зделка

Милан крева раце и покрај тоа што губи многу, го купи Калдара за 35 милиони евра а го продава за 15 милиони!

Милан реши да крене раце од перспективниот Матија Калдара, „росонерите" ќе загубат многу откако се сложија да го пратат дефанзивецот на позајмица во Аталанта со опција за трансфер од 15 милиони евра, двојно помалку од она што платија за играчот пред година ипол.

Матија Калдара важеше за еден од најперспективните дефанзивци во Италија, со одличните игри, на почетокот од 2018 си обезбеди трансфер во Јувентус вреден 15 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.

Но тој никогаш не заигра за „старата дама“ со оглед на тоа што беше оставен на позајмица во Аталанта до крајот на сезоната а потоа беше испратен во Милан како дел од трансферот на Леонардо Бонучи.

Зделката беше трампа, но официјално Милан требаше да плати 35 милиони евра на две рати. Очекувањата беа големи, тој требаше да биде новиот столб во последната линија на „росонерите“ но играчот преживеа пекол во Милано. Најпрво скина Ахилова тетива, а потоа и среден вкрстен лигамент на коленото па не одигра ниту еден меч во Серија А, и може да се пофали само со еден натпревар во Лига Европа и еден во Купот на Италија.

И покрај тоа што ги санираше повредите и неколку месеци работи на својот фитнес, Милан нема трпение, па реши да го испрати Матија Калдара во Аталанта и покрај тоа што зделката им носи голема загуба.

Голем број на извори од Италија пренесуваат дека двата клуба си подале рака за позајмица од 18 месеци. „Нероаѕурите“ од Бергамо ќе можат во целост да го купат дефанзивецот во 2021 за 15 милиони евра, а Милан ќе добие процент од евентуална следна продажба.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе