Серија А

Милан киксираше против Каљари, сега ќе треба да победи кај Аталанта за место во ЛШ (ВИДЕО)

Милан ќе мора да брка победа на гостувањето кај Аталанта за да го потврди настапот во Лигата на шампионите, вечерва „росонерите" пропуштија голема шанса и одиграа само 0-0 против Каљари.

Избраниците на Пиоли минатото коло славеа со 0-3 на гостувањето кај Јувентус па сами одлучуваат за топ четири пласман. Вечерва имаа прилика да ги решат сите дилеми, но неочекувано одиграа само 0-0 против Каљари.

„Росонерите“ тешко создаваа шанси, немаа решение за дисциплинираната игра на гостите во одбрана па си ја искомпликуваа ситуацијата.

Милан сега во последното коло ќе треба да брка победа во Бергамо против Аталанта, каде минатата сезона загуби со убедливи 5-0. Олеснителна околност е тоа што „нероаѕурите“ веќе имаат топ 4 пласман, нема за што да играат, па можеби нема да го дадат максимумот.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе